Пролетна ексурзија за 30 МАРТ 2025 Темишвар/Амазонија/Тумане
Прв Ден 29.03.2025 (Сабота):
Состанок на групата на паркингот пред салата Борис
Трајковски во 00.00 часот. Поаѓање за Србија во 00.30 часот. Се патува преку
граничниот премин Табановце сопауза за царински формалности и попатна пауза
во Вршац, со панорамско разгледување на градот. Се очекува пристигнување во
Темишвар после 12 часот и сместување во хотел со 4* и одмор до попладневните
часови. Потоа следи разгледување на Темишвар со локален Водич ( посета на
трите Плоштди -Единство, Слобода и Победа со сите нивни знаменитоси и нивната
околина и во вецерните цасови посета на најпознатиот шопинг центар Julius.
Втор ден 30.03.2025 (Недела):
Појадок во хотелот и во 10.00 заминување кон Аква
Паркот Амазонија. Во 16.00 часот враќање во Хотелот. Одмор и во вечерните
часови индивидуална прошетка.
Трет ден 31.03.2025(Понеделник):
Појадок во хотелоти и во 09:00 заминување кон
Скопје со попатна посета на Манастир Тумане каде се положени моштите на Св.
Јаков и Св.Зосим Тумански, и посета на испосницата на Св.Зосим Тумански која се
наоѓа на 1 км од Манастирот во густата шума во пештера каде спиел Зосим и
чудотворниот извор покрај неа.
По завршување на посетата на Манастирот Тумане се продолжува кон Врање каде
се прави пауза за слободни активности за шопинг во Lidl и околните продавници.
Патувањето продолжува кон граничниот премин Табановце со царински
формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.