1ви Мај Истанбул - "Istanbul Royal Hotel"

Слики

Првомајска ексурзија 30.04-04.05.2025 во Истанбул и Едрене 

  
Прв Ден 30.04.2025 (Среда) Состанок на групата на паркингот пред салата Борис Трајковски во 20.00 часот. Поаѓање за Истанбул во „20.30 часот. Се патува преку граничниот премин Девебаир. 

 Втор ден 01.05.2025 (Четврток) Се очекува пристигнување во Истамбул околу 09:00 до 10:00 часот и сместување во хотелот “Istanbul Royal Hotel” со 4 звезди. Следи попладне со слободни активности за разгледување на Истанбул и пазарење по локалните бутици. 

 Трет ден02.05.2025 (Петок) Појадок во хотелот и во 10.00 заминување на групата  на  Факултативни посети со локален водич каде ќе се посетат (Аја Софија, Сината Џамија, Султан Ахме џамија и др.), Попладне слободни активности и посета на Капали Чаршија. 

 Четврти ден 03.05.2025 (Сабота) Појадок во хотелот и во 10:00 заминување на групата кон Босфор и посета на султанската палата Долно  Башче Сарај, Крстарење со брод по Босвор. Босфорскиот теснец е срцето на Истанбул, а крстарењето по Босфор нуди најдобар поглед на многу од најпопуларните и најубавите атракции во Истанбул, вклучувајќи ја палатата Долно бахче, џамијата Ортакој и тврдината Румели Хисари. Ќе ги видите и луксузните хотели во Истанбул, отоманските дворци и богатите крајбрежни области како што е Бебек. Пловењето под мостот на Босфор кој ги поврзува Азија и Европа ќе Ве воодушеви од убавината и историјата на градот. Попладне посета на Трговскиот центар Форум и Истанбулскиот Аквариум. Вечерта Слободни активности 

Пети ден 04.05.2025 (Недела) Појадок во хотелот и во 9:00 заминување, попатно се посетува  градот Едрене каде се задржуваме околу 2 часа. Патувањето продолжува кон  граничниот премин Девебаир со царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови. 

 Цена на аранжманот – 139 евра  (8.620)ден. 

Цена во евра во денарска противвредност по курс 1€/62мкд. 

 Во понудата е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведените локации 

  • Сместување во хотелIstanbul Rojal со 4 звезди 

  • Сместување на база 3 ноќевања со поjaдок 

  • Организација и водство на патувањето. 

 

Во понудата не е вклучено: 

  • Влезница за Аквариумот 1700ден - Факултативно 

  • Возење со брод по Босфор 1200ден - Факултативно 

  • Патничко и здравствено осигурвање 200ден. и 350ден - задолжително 

  • Доплата за туристичка такса 0000 ден  за 1 ноќевање - задолжително

 

Реализација на понудата  

  • За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош. 

  • За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% од сумата, доплата најдоцна 7 дена  пред поаѓање. 

  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. 

  • Цена по лице за минимум двокреветна соба. За еднокреветна се доплаќа. 

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 

  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба. 

  • За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА Свети Никола Турс - Скопје

     

Резервирајте

contact_form