30ти Март Темишвар и аквапарк "Амазонија"

Слики

Пролетна ексурзија за 30 МАРТ 2025 Темишвар/Амазонија/Тумане

Прв Ден 29.03.2025 (Сабота):

Состанок на групата на паркингот пред салата Борис
Трајковски во 00.00 часот. Поаѓање за Србија во 00.30 часот. Се патува преку
граничниот премин Табановце сопауза за царински формалности и попатна пауза
во Вршац, со панорамско разгледување на градот. Се очекува пристигнување во
Темишвар после 12 часот и сместување во хотел со 4* и одмор до попладневните
часови. Потоа следи разгледување на Темишвар со локален Водич ( посета на
трите Плоштди -Единство, Слобода и Победа со сите нивни знаменитоси и нивната
околина и во вецерните цасови посета на најпознатиот шопинг центар Julius.

Втор ден 30.03.2025 (Недела):

Појадок во хотелот и во 10.00 заминување кон Аква
Паркот Амазонија. Во 16.00 часот враќање во Хотелот. Одмор и во вечерните
часови индивидуална прошетка. 

Трет ден 31.03.2025(Понеделник):

Појадок во хотелоти и во 09:00 заминување кон
Скопје со попатна посета на Манастир Тумане каде се положени моштите на Св.
Јаков и Св.Зосим Тумански, и посета на испосницата на Св.Зосим Тумански која се
наоѓа на 1 км од Манастирот во густата шума во пештера каде спиел Зосим и
чудотворниот извор покрај неа.
По завршување на посетата на Манастирот Тумане се продолжува кон Врање каде
се прави пауза за слободни активности за шопинг во Lidl и околните продавници.
Патувањето продолжува кон граничниот премин Табановце со царински
формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Цена на аранжманот – 145 евра (8.990)ден.
Цена во евра во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.

Во Цената е вклучено

Превоз со високотуристички автобус на наведените локации

Сместување во хотел со 4*, во Темишвар

Сместување на база 2 ноќевања со поjaдок

Организација и водство на патувањето.

Локален Водич во Темишвар на српски јазик

Во цената не е вклучено

Влезница за Аква Парк 1250 ден- Факултативно

Реализација на турата:

 За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош.

 За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30%
од сумата, доплата најдоцна 7 дена пред поаѓање.

Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта
според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања
за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

Цена по лице за сместување во двокреветна или трокреветна соба. За
еднокреветна се доплаќа.

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена
пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по
програмата за ова патување.

 Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности
во програмата во случај на потреба.

 За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА Свети Никола
Турс - Скопје

Резервирајте

contact_form