Прв Ден, 08.03.2025 (сабота)
Состанок на групата на паркингот пред салата Борис
Трајковски во 04.00 часот. Поаѓање за Србија во 04.30 часот. Се патува преку
граничниот премин Табановце со попатна посета на Смедерево, панорамско
разгледување на градот и Смедеревска тврдина. Се очекува пристигнување во
Сребрено Езеро после 12 часот и сместување во хотелот Динчиќ. Следи
слободно попладне за одмор и индивидуална прошетка и разгледување на
Сребрено Езеро. Во 20.00 е организирана вечера во Ресторан Динчиќ по повод
денот на жената 8 Март.
Втор ден, 09.03.2025 (недела)
Појадок во хотелоти заминување кон градот
Голубац и Посета на Голубачка Тврдина која се наоѓа на влезот на Ѓердапска
клисура и попладне околу 12.00 часот се упатуваме кон Манастир Тумане каде се
положени моштите на Св. Јаков и Св.Зосим Тумански, и посета на испосницата на
Св.Зосим Тумански која се наоѓа на 1 км од Манастирот во густата шума во
пештера каде спиел Зосим и чудотворниот извор покрај неа.
По завршување на посетата на Манастирот Тумане се продолжува кон Врање
каде се прави пауза за слободни активности за шопинг во Lidl и околните
продавници. Патувањето продолжува кон граничниот премин Табановце со
царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Цена на аранжманот – 70 евра (4.350)ден.
Цена во евра во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.
Во понудата е вклучено
- Превоз со високотуристички автобус на наведените локации
- Сместување во хотел Динчиќ, во Сребрено Езеро
- Сместување на база 1 ноќевања со поjaдок
- Организација и водство на патувањето.
Во понудата не е вклучено
- Задолжително патничко и здравствено осигурвање 200 ден.-задолжително
- Доплата за туристичка такса 100ден за 1 ноќевање-задолжително
- Влезница за Смедеревска тврдина 150 ден- Факултативно
- Влезница за Голубачка Тврдина 400 ден-Факултативно
- Организирана прослава за 8 Март 1.000 ден-Факултативно
Реализација на понудата
- За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош
или валидна лична карта.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку
30% од сумата, доплата најдоцна 7 дена пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта
според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни
барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цена по лице за минимум двокреветна соба. За еднокреветна се доплаќа.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена
пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени
по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на
активности во програмата во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА Свети Никола
Турс - Скопје